2015-10-15 10:17:00

Родителите се инструмент на Божјата љубов за своите деца


Светиот Отец зборуваше за важните животни ветувања на децата, а кои го обликуваат нивниот свет и односот кон Бог и ближниот, како и нивните очекувања за животот воопшто. Папата исто така се извини и јавно ги замоли верниците за прошка заради скандалите кои се случија во Рим и Ватикан.

Пред Генералната аудиенција во среда 14 октомври 2015 година папата Фрањо во салата Павле VI ги посети и ги охрабри таму собраните болни: Раскомотете се. Денот не изгледа премногу убав, затоа вас ве повикавме внатре, па аудиенцијата можете да ја следите на екранот; би можело да врне дожд, а не сакаме да имате проблем, рече Папата, поздравувајќи ги благословувајќи ги болните.

Исусовото денешно Слово е силно – рече Светиот Отец и додаде: Пред самиот почеток на катехезата би сакал во име на Црквата да ве замолам за прошка заради сите скандали кои во последно време се случија – без разлика дали во Рим или во Ватикан – ве молам простете – рече.

Денес Папата зборуваше за ветувањата кои ги даваме на децата. Рече дека не мисли толку на оние мали и секојдневни ветувања кои ги даваме за да ги расположиме или за да би ги поттикнале да бидат добри; за да ги убедиме да се вклучат во наставата или да се спротивстават на некој каприц. Тој мисли на оние големи животни ветувања, кои се одлучувачки за очекувањата во животот на децата, за нивната доверба кон луѓето, како и за способноста да го сфатат Божјото име како благослов.

Папата понатаму кажа дека за децата говориме како за „нашата иднина“ но – кога станува збор за иднината на децата – се прашува: колку сме сериозни и верни на своите ветувања кои им ги даваме, за нивното доаѓање на овој свет. Прифаќање и нега, блискост и внимание, доверба и надеж, важни се овие ветувања кои можат да се сумираат само во едно ветување: љубов. Им ветуваме љубов. Тоа е најисправниот начин при прифаќањето на човечкото битие кое доаѓа на светот – истакна Светиот Отец.

Ветувањато за љубов е она кое мажот и жената (таткото и мајката) го даваат на секое дете: од моментот кога ќе го зачнат во мислите. Децата на светот доаѓаат очекувајќи „потврда“ на тоа ветување: го очекуваат во потполност, со доверба сосема незаштитени. Кога очекувано ќе се изневери, децата се чувствуваат повредени со „сканадалот“ кој им е неподнослив – толку тешко се повредени колку што сѐ уште не се способни да разберат што се случило – објасни папата Фрањо.

Бог од првиот момент бдее над овие ветувања. Затоа Бог децата никогаш не ги губи од вид. (Мт 18, 10). Тешко на оние кои ја изневериле детската доверба; тешко на нив! Нивната целосна доверба во нас и нашето ветување нè обврзува од првиот момент и ни суди – смета Светиот Отец

Спонатаната детска доверба во Бог не смее никогаш да биде изневерена, бидејќи тој е нежен и таинствен однос помеѓу Бог и детските души. Детето уште од раѓање е способно да ја почувтсвува Божјата љубов; дека постои Бог кои ги сака децата. Децата само што ќе се родат – со храната и грижата – започнуваат да го примат дарот и потврдата на духовниот квалитет на љубовта. Делувањето на љубовта се покажува во именувањето на имиња во говорот, во намерните погледи, во сјајот на насмевката. Така (децата) учат дека убавината на врските меѓу луѓето е насочена кон нашата душа; да ја бара нашата слобода, да ја прифаќа различноста на другиот, да го признае и да го почитува како соговорник – реча Папата.

Друго чудо и друго ветување е: ние – тато и мамо – ти се даваме за дар и тоа за да се даруваме на тебе самото! А ова е љубов: да посредуваш за искрата на Божјата љубов! Вие тато и мамо ја имате таа Божја искра која ја давате на своето дете; вие сте инструменти на Божјата љубов, што е толку убаво! – додаде Папата. Само ако децата ги гледаме со Исусовите очи можеме вистински да разбереме во која смисла бранејќи го семејството го штитиме човештвото! Детското гледање е гледање на Синот Божји. И самата Црква во светата Тајна Крштение на децата им дава големи ветувања, со кои ги обврзуваат и родителите и христијанската заедница.

Светата Исусова Мајка – преку која Синот Божји дојде кај нас; сакан и роден како дете – прави Црквата да го следи патот на нејзиното мајчинство и вера. И свети Јосиф – човек праведен кој го прифатил и заштитил – нека нè направи достојни да го нагостиме Исус во секое дете кое Бог го испраќа на земјата.

По читањата и поздравите на ходочасниците на различни јазици, папата Фрањо го најви Светскиот ден на борбата против бедата на 17 октомври објаснувајќи дека тој ден е предложен за да се зголемат напорите во искоренувањето на крајното сиромаштво и дискриминацијата за да може секој во потполност да ги остварува и ужива своите права. Упати апел сите да се заложат и Христовата љубов да допре до оние најмногу во потреба и најнапуштените и да им го олесни животот.

Потсетувајќи на денешниот спомен на светиот папа Калист и маченик посака ходочасниците да се присетат на толку храбри Христови сведоци и преку нив повторно и силно да ја разбудат верата. По својот обичај ги поздрави посебно младите, болните и нововенчатите парови: Драги млади со радост прегрнете го Господовиот повик да ја вложите својата сила во навестувањето на Евангелието. Драги болни ви благодариме на прикажаното трпење, бидејќи е многу драгоцено за оние кои сѐ уште не ја запознале Божјата љубов; драги нововенчани продолжете со својот живот да ја навестувате Господовата верност!

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.