2015-10-14 10:58:00

Нов дом во Ватикан за бездомниците


„Дар на милосрдието“ е името на неодамна отвореното преноќeвалиште за бездомници, кое се наоѓа во Рим, на ул. Виа деи Пенитенциери, близу до болницата Свети Дух.

Просториите кои до неодамна го користеше една агенција за патување, е во сопственост на Дружбата Исусова, кое му го понуди на папа Фрањо за нова намена, сакајќи така да одговорат на неговиот повик да се отворат вратите на оние во потреба – стои во изјавата на Апостолското Добротвоство.

Преноќевалиштето носи име „Дар на мислосрдието“ – затоа што е вистински дар на една монашка заедница и затоа што  милосрдието е – како што стои во изјавата – друго име на љубовта која се изразува на конкретни и великодушни дела спрема ближните. Преноќевалиштето може да прима 34 лица и за нив ќе се грижат сестрите на Мајка Тереза.

На сите корисници им е овозможен појадок, вечера како и употреба на тушевите под плоштадот Свети Петар. Трошоците на преноќувалиштето „Дар на милосрдието“ ќе ги подмирува Апостолското Добротворство. Добротоворството исто така ја финансира и работата на преноќувалиштето.

РВ/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.