2015-10-13 16:44:00

Струмица: Анимација за Мисиската недела


Во недела 11 октомври во парохијата Свети Иван Крстител - Струмица по завршувањето на неделната света Литургија се одржа анимација за Мисиската недела, која Црквата оваа година ја слави на 18 октомври.

По воведното обраќање на парохот о. Гоце Костов, за потребата и смислата на мисионерското ангажирање на верниците, децата од веронаучната група ја презентираа детската акција за мисиите насловена „Денар за Мисиите“. На присутните им поделија мисиски касички кои во наредните ќе треба да ги вратат со нивни прилози за мисиите. Потоа следуваше кратко видео во кое верниците беа запознати со мисионерското делување во африканската држава Конго.

Анимацијата за мисиската недела преодложува и во наредните денови преку веронаука за деца, средба на млади и средбата на жени. На мисиска недела ќе се одржи базар за мисиската недела, кој го подготвуваат жените од парохија.

РВ/к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.