2015-10-13 10:23:00

Евангелието за семејството не е утопија, туку Божја промисла


На седмото Генерално собрание на Синодата, епископите започнаа со излагањата на теми поврзани со третиот дел од Instrumentum laboris. Станало збор за причестување на разведените кои се во нов цивилен брак.

Од една страна е истакната потребата за зачувување на науката на Црквата, додека од друга пак е нагласено дека Црквата треба да ги следи ранетите семејства, соединувајќи ги праведноста и милосрдието. Станало збор и за постапката за прогласување на бракот за непостоечки, која неодамна Папата ја реформираше со два документи Motu proprio во кои се наведува дека секогаш треба да се водиме со внимание и прецизност.

Некои од синодалните оти говореа за таканаречениот „покорнички пат“ за разведените кои се во нов цивилен брак за примање на светите тајни, било да станува збор за општо решение, еднакво за сите, било како поединечно следење на брачните парови. Но, во име на целата своја епископска конференција, еден од оците истакна дека не може да има било каква промена во доктрината на Црквата и праксата на причестување во тие случаи, бидејќи промените би значеле прифаќање „лажното сочувство“ кое имплицитно ја отфрла Христовата наука за брачната неразрешливост.

Некои, пак, говореа за „оикономија“ како одреден вид на „исклучоци од општото правило“, која би им овозможила на оние кои паднале да се подигнат. Добар верник не е само оној кој ропски ги одржува заповедите, бидејќи во тој случај би требало да се зборува за легализам, а не за праведност. Спомнато е дека Бог прв му приоѓа на грешникот, што значи дека науката не може да се одвои од конкретната реалност. Таквото одвојување, истакна еден излагач, би значело претворање на теологијата во чиста идеологија, одделувајќи ги христијаните од верата. Црквата затоа треба сериозно да биде во служба на семејството, не отфрлајќи никого.

Исто така, на темата за врската меѓу науката и милосрдието нагласено е дека не станува збор за утврдување на она што е допуштено и што е забрането, цитирајќи ги притоа зборовите на светиот апостол Павле: „Сè ми е допуштено! Но сè не користи (1 Кор. 6, 12). Истакнато е дека совеста на христијанинот треба да излезе од „ограниченото опкружување на правото“ за да може да влезе во „опкружението на она што е добро за заедницата“.

Уште еднаш е нагласена потребата од добра подготовка на бракот за да се избегнат неуспесите. Не може да се допушти склучување на брак само врз основа на поседување на сите документи кои се потребни за брак, без темелна подготовка заедно со сопружниците. Предложена е подолга подготовка за брак, која би се поделила на три дела: далечна, блиска и непосредна, со цел, на ,младите да им се покаже дека евангелието за семејството не е утопија, ограничување или терет, туку Божја промисла во која вреди да се вложува.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.