2015-10-02 12:27:00

Папата се заблагодари на Богородица за апостолското патување


По враќањето од своето апостолско патување на Куба и САД, во понеделник 28 септември Светиот Отец ја посети базиликата Света Марија Велика и на тој начин го заврши своето десето апостолско патување.

По обичај пред иконата на „Спасение на римскиот народ“, византиска икона на Блажена Девица Марија со детето Исус, остави букет цвеќе, благодарејќи на Богородица за нејзиното застапништво за време на апостолското патување. Пред базилката ја поздрави групата луѓе која го чекаше, знаејќи за неговата традиционална посета на оваа римска базилика.

РВ/к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.