2015-10-02 12:02:00

Ломбарди: Средбата на семејствата е голем празник за верата


Празникот на семејствата во Филаделфија во контекст на 8. Светска средба на семејствата беше срцето на Папската апостолска посета на САД. За централното место на семејството во понтификатот на папата Фрањо, зборува отец Федерико Ломбарди, директор на ватиканската прес служба.

„Папата ја стави темата за семејството во агендата на својот потнификат уште со Епископската синода, а потоа и со својата одлука да учествува на оваа средба, која ја подготви со своите зборови за време на оваа посета. Средбата е само фаза од еден долг пат, кој ќе нѐ однесе идниот месец до Епископската синода, посветена на семејството. Папата даде придонес за оваа тема со голема радост, на позитивен и мирен начин. Средбата на семејствата е голем празник за верата, празник на осветлената, од Таинството, љубов, која може да биде навестување на радост, надеж и љубов за целото општество“.

Отец Ломбарди ги коментираше и зборовите на Папата од проповедта на литургијата со богопосветените лица, во која ја истакна важната улога на лаиците за иднината на Црквата. „Во својата проповед Папата истакна дека лаиците треба да се ангажираат: сите се повикани да бидат ангажирани, бидејќи добиваат лечн повик и треба да го дадат свој придонес. Црквата е изградена од сите нејзини членови: епископи, свештеници, богопосветени лица, но во поголемиот дел од лаици, мажи и жени, без кои не постои Божјиот народ“.

Религијата и општеството е темата која беше истакната од Папата за време на меѓурелигиската средба во Индипенденс Хол, но и во неговите зборови до Американскиот конгрес и ООН. „Ние, кои сме верници - наведува отец Ломбарди - сметаме дека врската со Бог е како основна, така и фундаментална, но исто така и гаранција за вистинските односи со другите, кои се чеда на ист Отец, битија од ист Создател. Ова се однесува и кога станува збор за одговорноста кон животната средина или Созданието: ако не постои еден Творец, пред кого човек мора да одговара, не може да се разбере на што се базира одговорноста“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.