2015-09-22 12:11:00

Папата до посветените лица: Бидете сиромашни и простувајте


На Вечерната молитва и на средбата со кубанските свештеници, монаси, монахињи и семинаристи во катедралата во Хавана, папата Фрањо на 20 септември ги поттикна да бидат „сиромашна Црква“ и „никогаш да не се изморат да искажуваат милосрдие“. По воведните зборови на надбискупот на Хавана кардинал Хаиме Ортега, кој Црквата во Куба ја опиша како сиромашна со средства, но богата со братство и солидарност, Светиот Отец на собраните им се обрати спонтано, предавајќи им го подготвениот говор. Истакна дека сиромаштвото, служењето на последните и способноста за простување никогаш не треба да изостанува во животот на Бога посветените луѓе.

Сиромаштво не е пријатен збор: тој „оди против струјата“. Световниот дух не го разбира, не го сака, го сокрива, но не од скромност, туку од презир. Заради тоа духот на светот не го сака патот на Синот Божји кој се понизи, се направи сиромашен, се понизи за да биде еден од нас – истакна Папата. Потоа предупреди на искушението и опасноста на светското богаство, објаснувајќи дека тоа токму (човекот) го осиромашува: ни го одзема она најдоброто што го имаме, а нè остава сиромашни. Напротив, вистинското богаство е она духовното. Да бидеш богат значи да имаш доверба во Бог – рече Папата.

Папата ги поттикна лицата  со посветен живот „сиромаштвото да го љубат како мајка“ и ги повика да ја испитат совеста: Каков е мојот дух на сиромаштво? Каква е мојата внатрешна ненаврзаност? Потоа потсети на зборовите на свети Игнациј Лојолски основачот на Дружбата Исусовци: Сиромаштвото е бедем и мајка на монаштвото. Мајка затоа што довербата ја става во Бог, а бедем затоа што го штити од сите световни влијанија.

Светиот Отец напомена дека да се знае да се управува со добрата е наша обврска, затоа што тие се Божји дар. Но, кога ќе го обземат срцето и започнат да управуваат со нашиот живот, тогаш се губиме. Заради тоа – се пошегува Папата – економистите се тие кои во Црквата ја создаваат катастрофа на „Божјиот благослов“ бидејќи ги прават „слободни“, односно сиромашни.

Папата Фрањо се заблагодари на луѓето со посветен живот што се грижат за оние кои светот ги отфрлил и презрел. Свештениците ги повика во исповедалниците да не прекоруваат или казнуваат, туку да го искажуваат Божјото милосрдие и да не се изморат да простуваат. Кога ќе примите покајаник немојте да го истерате од исповедилницата. Исус го прегрнал. Исус го сака. Дозволете Божјото милосрдие да тече во вашите раце преку прегратката која простува бидејќи тој покајаник е еден од најмалите и заради тоа е Исус – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.