2015-09-22 11:38:00

Во Паљурци се молеше Молебен до Богородица Утешителка


Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица во Паљурци на 20 септември 2015 година се молеше Молебен до Пресвета Богородица Утешителка, кој го предводеше деканот о. д-р Зоран И. Стојанов во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Со Молебенот официјално заврши и Кампот за млади во Паљурци, а на него покрај младите учесници на кампот, присуствуваа и голем број верници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија.

Во својата проповед, осврнувајќи се на животот на Пресвета Богородица, о. Зоран И. Стојанов истакна: „Со своето однесување Марија ја покажува својата вера, доверба, расположивост и посветеност.

Марија нé наведува на размислување: Младите се чувствуваат дезориентирани пред вредностите (можеби е подобро ако кажам не-вредностите) наследени од возрасните кои направија фрагментирано општество, кое е неправедно, е дефицитарно на цврсти и убедливи принципи.

Предупредуваат потребите за откривање на нови вредности и тоа ургентно за една култура која ќе ги премости празнотиите на денешниот свет. Лидерите кои се претставуваат пред нив им изгледаат млитави и неспособни да го валоризираат нивниот живот.

Марија се претставува пред нас како млада, полна со живот, куражна, храбра, и со сета жедност за живот, жедност која ние сите внатре во себе ја носиме. Реалноста на животот се исполнува ден по ден, чекор по чекор, во секојдневната работа, со сите свои успеси и сите промашувања, со својата среќа и сите страдања.

Младите, со сета сила на својата младост, но не само младите тоа важи и за возрасните бараат нови цели. Некои се заблудени во материализмот, други во разочарување и разидување, некои во дрога или во секс... Но сепак постојат оние другите, кои се насочени на автентичниот пат, во барање на вистинските вредности, кои дават радост и среќа.“

По завршувањњто на Молебенот верниците од повеќе парохии во пријатна атмосфера на заедништво го продлжија своето дружење на Паљурци.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.