2015-09-09 13:21:00

Отец Ломбарди го појасни апелот на Папата


Патер Ломбарди го коментираше апелот на Папата за прифаќање на бегалци во парохиите и манастирите

Коментирајќи го силниот апел на Папата по неделниот Ангелов поздрав, во однос на прифаќањето на бегалци од страна на парохиите, монашките заедници, манастирите и светилиштата од цела Европа, портпаролот на Светиот Престол, отец Федерико Ломбарди забележа дека Папата сака во цела Европа, внимание, во цела Европа, а не само во некои нејзини подрачја, Католичката заедница да се заложи околу прифаќањето на бегалците и емигрантите со што би се покажала конкретна солидарност на континентот.

Секако апелот на Папата е апел за солидарност и прифаќање; тоа е апел за креативен и великодушен одговор, кој излегува од срцето на Папата во контекст на подготовката за Јубилејот на милосрдието, кој на посебен начин треба да се оствари преку делување со дела и не се однесува на некаков однапред подготвен оперативен или организациски план. Секако, говорејќи за парохиите, Папата мисли на парохиските заедници, како и на другите заедници кои се наоѓаат на подрачјата на парохиите, а не само на парохиските и канонските куќи. Парохиските заедници ќе можат на различни начини да пронајдат патишта што би одговарале за остварување на овој потфат.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.