2015-08-24 19:53:00

На празникот на свети Пиј X Папата молеше на неговиот гроб


Светиот Отец на 21 август приреди пријатно изненадување за верниците кои на литургискиот спомен на свети Пиј X дојдоа на Литургија во свечената капела во базиликата Свети Петар.

Впрочем, Папата, претходно молеше на гробот на светецот, а потоа штом забележа дека во седум часот ќе започне литургијата, остана на гробот и заедно со верниците учествуваше на Литургијата која ја предводеше монсињор Лучо Бонора, службеник во Државниот секретаријат.

„По отворањето на базиликата, Папата преку споредната врата влезе и дојде во капелата на Пиј X. Кога со двајца свештеници тргнав кон олтарот, ми рекоа дека Светиот Отец моли во капелата. Не знаев што да направам, но одговорните во базиликата ми рекоа дека можам слободно да служам литургија. Кога Папата ме виде ми рече дека дошол да се помоли на гробот  на светецот, и дека тој веќе служел Литургија во домот Света Марта. Кога виде дека ќе служам Литургија, се смести во клупите заедно со верниците и остана со нас сѐ до завршетокот на литургијата“, истакна монсињор Бонаро.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.