2015-08-19 19:55:00

Папата: Христос е присутен во „најмалите“


Следниот вонреден Јубилеј на милосрдието ќе биде „добра можност за зајанување на соработката помеѓу пастирите и лаиците во пасторалната љубов кон болните и оние на умирање“, а тоа како што пренесува ватиканскиот весник Осерваторе Романо, го посака папата Фрањо во пораката до Мануел Мартин Сјоберг, преседател на Светштеничката итна помош која во 1952 година ја основа во агрентинскиот град Кордоба со намера да се гарантираат светите Тајни на верниците и тогаш кога не е лесно да се најде свештеник.

Гарантирајќи ја својата поддршка и охрабрувајќи за „дела на христијанското милосрдие кои волонтерите на сојузот за итна и ноќна свештеничка служба веќе шеесет години ги пружат“, Папата ја спомна булата за основање на Јубилејот „Misericordiae vultus“ за да ја подигне свеста за потребата за приближување до оние во потреба за да можат да го почувствуваат нашето присуство, пријателство и нашето братство. Ќе ни се суди врз основа на телесните и духовните дела на милосрдието – опомена Папата – знаејќи дека самиот Христос е присутен во секој од тие „најмали“.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.