2015-08-15 19:05:00

Папата до младите: Без Дева Марија, христијанинот е сирак


Христијанинот има потреба од  „две Мајки“: Дева Марија и Црквата. Мајката Божја, рече Папата, „има важно место во нашиот живот, бидејќи таа нѐ придружува при донесувањето на одлуката за нашето звање, онака како го придружува Својот Син на неговиот тежок и болен животен пат“. Дева Марија секогаш нѐ придружува:

„Христијанинот без Дева Марија е сирак. Но исто така и христијанин без Црквата е сирак. Христијанинот има потреба од овие две жени, две Мајки, две девици: Црквата и Дева Марија“.

Според Папата Фрањо тест за тоа дали е „правилно нашето христијанско звање“ е кога ќе се запрашаме „каков е нашиот став кон овие две Мајки: Мајката Црква и Дева Марија“:

„Тоа не е лицемерна побожност. Не, тоа е вистинска теологија. Тоа е теологија. Каков е мојот став за Црквата, за мојата Мајка Црква, за Светата Мајка хиерархиска Црква? Каков е мојот став кон Дева Марија, која е моја мајка?“

За секој од нас - уверува Папата - Господ има определено дефинитивно звање, она место каде што Тој сака да го поминеме нашиот живот. Тоа треба да се бара, да се најде и да се зајакнува. Избор на кој треба да му се даде „конечната смисла“ пред „културата на привременото“ во која живееме:

„Се плашиме ли од конечното? При изборот на звањето, кое и да е, дали да се работи за брак или за богопосветен живот и свештенство, треба да се избира во перспективата на конечното. Тоа е спротивно на културата на привременото, преодното. Тоа е дел од културата, која ни се паѓа да ја живееме во тоа време, но треба да ја живееме и да ја победиме “.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.