2015-07-18 20:48:00

Нашите активности влијаат на состојбата на гладните во светот


Време е за промена на сегашниот менталитет и да се престане да се мисли дека нашите активности не влијаат врз гладните, стои во твитер порката на папата Фрањо, објавен на неговиот твитер профил @Pontifex.

Во пораката се повторува она што Папата во многу пригоди го има истакнато: да се промени начинот на живот, бидејќи поголема умереност може да придонесе во отстранувањето на општествените пречки и делотворно да влијае на здравјето на планетата.

Осврнувајќи се на твитер пораката на Папата во разговор за Радио Ватикан, Паоло Бекегато, заменик директор на Италијанскиот Каритас, ја истакна важноста на вистинското сфаќање информирање. Купувајќи одреден производ на индиректен начин се поттикнува производството на одреденото добро, а вложувајќи во извесна финансиска структура несвесно се подржуваат владите, претпријатијата и организациите кои можат да бидат добротворни или злотворни. На крајот, мораме да знаеме дека секоја наша активност, не само економска, го има тој предзнак; тоа е, значи прашање на воспитание, а спознавањето и свесноста ја вклучуваат личнаа одговорност, истакна Бекегато.

На забелешката дека Папата рекол дека „вознемирува“ тоа што добар дел од полјоделските производи не се наменети за гладните, Бекегато рече дека зборовите на Папата ја откриваат спротивната динамика. Минатите години се поттикнуваше употреба на горивата и во производството на прехрана, а доаѓаа до израз и одредени шпекулациски динамики, да се сетиме само на вртоглавото поскапување на храната во 2007-2008 година, како и во 2011 и 2012 година, кои кон храната се однесуваа како кон секое друго богатство. Ми изгледа дека во зборовите на Папата се присутни тие динамики, поради кои, не се зборува дека храната треба да се произведува поради човечката исхрана. Споменатите динамики треба да се стават под заеднички именик со цел, да не се повторат некои грешки од минатото, објаснува Бекегато.

Осврнувајќи се пак на средната класа, за која се зборува овие денови, Бекегато рече дека во светот се остварува се поголема поларизација на државите, а во државите поларизација на општеството. За време на неодамнешното апостолско патување за Латинска Америка, Папата предупреди на погубната динамика, а некои стручнаци предвидуваат дека 1% од светската популација во 2016 година ќе располага со 50 % од светската побарувачка, а тоа значи дека изчезнува средната класа и дека се зголемува нееднаквоста, а преку тоа и насилството, напнатоста и кризите. Сите мораме да се бориме против опасностите, истакна Паоло Бекегато, заменик директор на Италијанскиот Каритас.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.