2015-07-10 13:43:00

Патер Ломбарди за посетата на Папата на Еквадор


На крајот од последниот ден во Еквадор, кој беше многу интензивен, патер Федерико Ломбарди ватиканскиот гласноговорник и директор на Радио Ватикан се осврна на првиот дел од посетата на папата Фрањо на Латинска Америка и пред сè рече дека Светиот Отец добро се чувствува бидејќи – како што рече – ако погледнеме сè што прави не можеме да не останеме восхитени од неговата извонредна сила. Навистина покажува дека во тие напорни периоди со многу обврски е способен да се соочи со сите – додаде патер Ломбарди.

Напомнувајќи дека сите настани од вчерашниот ден се одржаа во главниот град на Еквадор не требаше да патува на други места и затоа програмата беше полна со многу важни средби. Патер Ломбарди ги спомна најважните настани почнувајќи од средбата со епископите. Таа беше приватна средба, но имаше целосно значање во логиката на пасторалната посета, во логиката на Црквата.

Потоа ја спомна Литургијата во паркот на 200 годишнина и ја истакна нејзината многу добра подготовка. Тоа беше славење во кое навистина можеше да се ужива и тоа не само заради содржината, туку и заради духовната грижа со кое беше подготвено. Попладневната средба со луѓето од образованието, помалку е карактеристична за тој дел од патувањето на Папата кое се однесува на Еквадор. Таа средба ја посакуваше и Црквата во Еквадор заради охрабрување за поголемо заземање на Црквата на полето на воспитанието.

Тоа беше за Папата прилика да се осврне на серија големи проблеми кои секако не се однесуваат само на образованието по себе, туку на големите вредности кои се пренесуваат со воспитанието. Папата посебно се осврна на проблемите за кои пишуваше во енцикликата „Лаудато си“ – постојат прашања кои се пренесуваат и го одредуваат воспитанието за да се помогне на младите да се подготват и да одговорат на пршањата на денешното човештво и тоа во сопствената одговорност и соодветна подготовка.

Говорот кој Светиот Отец го одржа пред претставниците од културата беше – според зборовите на патер Ломбарди – многу очекуван, бидејќи времето во кое се наоѓа еквадорското општество како и многу други е многу чувствително време на развој во кое има и тензии. Во текот на годините имало многу позитивен напредок на земјата, но има сè уште и многу отворени прашања.

Затоа, секако беше прашањето како Папата со тоа ќе се соочи што ќе каже во таква ситуација на еквадорскиот народ – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол и истакна дека Светиот Отец во сите говори овие денови на некој начин испрати порака на дијалог, солидарност, насочување за градење на хармонично, општество кое вклучува, кое може да ги обедини сите свои различни составни делови како и креативност на тие делови и нивната одговорност во заедничката грижа за општото добро. Методот кој Папата го избра за тоа во својот говор беше што појде од конкретното искуство на семејството и семејните вредности и ги прошири вредностите чие искуство се стекнува во градењето на семејното заедништво во општеството – истакна патер Ломбарди.

На новинарско прашање што лично ќе понесе во себе по посетата на Папата на таа јужноамериканска земја, патер Ломбарди рече дека пред сè во себе го носи впечатокот на пречекот со кој Папата е примен односно огромното учество на народот во тие настани (...) Би кажал дека народот одговори, покажа големо внимание, желба да го слушне гласот на Папата, неговата утеха и насоки... – истакна патер Ломбарди и додаде дека еквадорскиот народ посебно му оставил впечаток заради неговата разноликост, заради богатството на културните и етничките делови, заради неговата историја, заради вреднувањето на сопствената земја, нејзините богатства, даровите од Создателот кои ги добил... Станува збор за земја на многу големи вредности чиј народ е силно трогнат од фактот дека Папата за прва земја ја избра земјата со шпански јазик која сакаше да ја посети на тој континент! Народот со тоа се почувствува почестен и тоа го кажа на најдобар можен начин – рече патер Ломбарди.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.