2015-07-10 15:46:00

Мерка за богатство општеството е животот на неговите членови


„Дојдовме од различни места, региони и земји, за да го славиме живото присуство на Бог меѓу нас“, рече Папата во својата проповед. „За некалку часа излеговме од нашите домови и заедници, за да бидеме заедно, како еден Свет Божји народ“.

Санта Круз е најдобро населен град во Боливија и нејзин нов економски центар, а на неговиот плоштад се издига огромна статуа на Христос Спасител со кренати раце кон небото. Меѓу огромното мноштво верници, на литургијата служена на плоштадот, во првите редови беше претседателот Ево Моралес. Во својата проповед Папата зборуваше за евангелието во кое Исус ги умоножува лебовите и рибите (Иван 6. 1-15), со кои неговите ученици успеваат да нахранат четири илјади луѓе. „Ситуацијата опишана во Евангелието многу личи на денешната во која живееме“, истакна Папата.

„Многу често го чувствуваме отсуството на сили, за да ја подржиме живата надеж“, „почнува да нѐ обзема тага, која се претвора во индивидуализам и изгубено сеќавање дека сме еден сакан и избран народ“, истакна Папата. „Оваа загуба нѐ поделува, се затвораме за ближните, најмногу за сиромашните“.

„Во едно очајно срце многу лесно наоѓа место логиката, која претендира да му се наметне на современиот свет. Една логика, која се обидува да трансформира сѐ во предмет на замена, на потрошувачка, сè станува предмет на преговори и на продажба. Една логика, која тврди дека има место за малкумина, фрлајте ги сите оние кои „не произведуваат“ и не се достојни, само затоа што „сметките не се поклопуваат“. Исус уште еднаш ни вели: „Не е потребно да си одат, дајте им да јадат“.

„Исус не ја прифаќа оваа логика, која го „сече јажето“ на слабите и најсиромашните, извика Папата. Примајќи го овој „облог“, самиот тој ни дава пример и ни го посочува патот што се заклучува во три зборови: „зема малку леб и риба, ги благословува и им даде на учениците, за да ги споделат со другите. Тоа е патот на чудото“.

Кога го зема лебот, Исус „гледа многу сериозно на животот на своите ученици“, појасни Папата. „Тој ги гледа во очи и во нив се сфаќа животот и нивните чувства. Го гледа она што трепери или не престанува да трепери во срцата и во нивното сеќавање. Го оценува сето она добро што може да се понуди и врз чија основа може да се гради. Но не зборува за предмети, културни богатства или идеи, туку за луѓе. Вистинското богатство на едно општество се мери со животот на неговите членови и на возрасните, кои можат да ја пренесуваат својата мудрост и сеќавања на помалите“.

Кога „благословува“, Исус знае дека даровите се дар Божји и затоа не се однесува како кон „нешто“, туку  како кон плод на Божјата милосрдна љубов. Со тоа признава дека „животот секогаш е дар кој во рацете на Бог стекнува сила која го умножува. Нашиот Отец ништо не одзема, туку множи сè“.

Евхаристијата, заврши Папата, е „раскршувањето на лебот за живот на светот", како што гласи и мотото на Евхаристискиот конгрес. Таа е „тајната на заедништвото, која нè тера да излеземе од индивидуализмот, за да живееме заедно, давајќи ни сигурност дека тоа што го поседуваме и што сме, ако биде прифатено, благословено и предложено, преку власта на Божјата љубов, се претвора во леб на животот за ближните“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.