2015-07-09 15:58:00

Папата со претставниците на граѓанското општество од Еквадор


„Секогаш да се промовира вклучувањето, за да се надминат себичноста и културата на исклучувањето“. На тоа ги повика папата Фрањо претставниците на граѓанското општество од Еквадор, со кои се сретна во црквата „Сан Франциско ди Кито“, најстарата католичка градба во цела Латинска Америка.

За време на средбата, градоначалникот на еквадорската престолнина свечено му ги врачи на папата Фрањо, клучевите на градот.

„Општеството треба да се учи од семејството, па никој да не се почувствува исклучен“, папата Фрањо се обрати со овие зборови кон претставниците на граѓанското општество на Еквадор, истакнувајќи ја темата на вклучувањето на секој во општеството во борбата против културата на исклучувањето. На говорот на Папата му претходеа важни сведоштва и музичка изведба на Оркестарот Синамуне на младите со хендикеп и оние кои со Даунов синдром. Папата го насочи вниманието кон зборовите: бесплатност, солидарност и супсидијарност. „Во семејството сите придонесуваат за заедничкиот проект, сите работат за општото добро, но без да се занемари поединецот; напротив, сите го поддржуваат и го поттикнуваат“. На овој начин, рече Папата, можеме да го гледаме и политичкиот противник, или соседот, на ист начин на кој гледаме на членовите на нашето семејство:

„Ја сакаме ли нашата земја, се обидуваме ли да изградиме заедница?“, запраша папата Фрањо и го цитираше свети Игнатиј од Лојола, нагласувајќи дека љубовта се докажува побрзо „со дела, а не - со зборови.„Во општеството неповратното дарување не е некаков прилог, туку услов во името на правдата“, „она што сме и што имаме ни е дадено за да го ставиме во служење на другите, нашата задача се состои во тоа да го претвориме во добри дела“, рече Светиот Отец.

„Богатствата се наменети за сите, врз нив постои социјална хипотека.“Во своето обраќање, особено кон жителите на Амазонија, папата Фрањо истакна дека од користењето на природните ресурси кои се наоѓаат во изобилство во Еквадор, не треба да се бара брз профит. „Да бидеме чувари на ова богатство, кое сме го добиле, тоа е обврска кон општеството и кон идните генерации. Постојат места кои бараат од нас посебно внимание и грижа, поради огромното нивно значење за глобалниот еко систем“. Од братството, во семејството, се раѓа „солидарноста во општеството, што значи не само да се даде на сиромашните, но и да бидеме одговорни еден за друг. Ако успееме да видиме во ближниот брат, тогаш никој не може да остане исклучен“.

"Правилата и законите, како и проектите на граѓанското општество, треба да бараат вклучување, да го поттикнуваат местото за дијалог, за средба и да го остават само како болно сеќавање секаков вид на репресија, контрола и ограничување на слободата. „Надежта за подобра иднина, треба да понуди реални можности за луѓето, особено на младите, преку создавање на работни места“. Папата повторно остро ја осуди културата на исклучување, која влијае главно врз младите и старите, со ужасни последици, дури и самоубиства. „На кој му одговара таквото однесување?“, запраша Папата: На припадниците на егоизмот, богот на парите( ...).

На крајот, папата Фрањо го сврте вниманието кон супсидијарноста. „Признавајќи го доброто кај другите, па дури и со нивните дефекти е богатство, што е карактеристично за разновидноста и ккомплементарноста, вредноста на меѓусебното дополнување. Луѓето и групите имаат право да го следат својот пат, иако тоа понекогаш води до грешки.“

„Дијалогот е потребен, од суштинско значење е да се дојде до вистината, која не може да биде наметната, но треба да биде барана со искреност и критичен дух.“, истакна Светиот Отец.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.