2015-07-01 09:24:00

Бенедикт XVI ќе престојува две седмици во Кастел Гандолфо


Папата Фрањо го испрати почесниот папа Бенедикт на неговиот одмор во Кастел Гандолфо и му посака „пријатен престој“ во папската летната рездиенција. Средбата меѓу двајцата папи се одржа во вторник 30 јуни 2015 година во 10.00 часот во домот на почесниот Папа. Папата Фрањо го посети во поранешниот манастир Mater Ecclesiae почесниот папа Бенедикт XVI непосредно пред неговото заминување, кратко пред да отпатува во Монти Албани близината на Рим. Тој ќе престојува таму две седмици, потврди гласноговорникот на Ватикан, патер Федерико Ломбарди. Почесниот папа Бенедикт XVI во Ватикан ќе се врати на 14 јули. Средбата помеѓу двајцата Папи траеше околу половина час.

Кастел Гандолфо е традиционална летна резиденција на Папите, каде таму престојуваат што вообичаено во најтоплите летни месеци, јули и август. Папата Фрањо одлучи дане ја корсти резиденцијата јужно од Рим. Прекрасните градини на резиденцијата тој ги отвори за посетителите.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.