2015-06-22 10:22:00

Папата се помоли пред Торинското платно


Папата се помоли пред олтарот на блажениот Пјер Џорџо Фрасати, а потоа Светиот Отец славеше света Миса на плоштадот Виторио Венето.

На крајот од светата Миса, а пред молитвата Ангел Господов, папата Фрањо ги поттикна присутните да го упатат погледот кон Блажена Девица Марија, на која Исус ги довери своите ученици, кога самиот себе се предаде на крстот како чин на најголема љубов. Торинското платно Папата го нарече слика на Христовата љубов од крстот. Светото платно го упатува погледот кон Исусовото измачено лице и тело, но истовремено го свртува нашиот дух кон лицата на сите кои трпат и кои неправедно се прогонети, рече Папата.

Потсетувајќи  на апостолскиот занес на многу свети свештеници од Торино и околината, како што е свети Иван Боско, Папата ги поздрави присутните свештеници и монашки заедници. Вие се посветувате на пасторалната работа и сте блиски на луѓето и нивните проблеми. Ве поттикнувам со радост да издржите во вашето послание, концентрирајќи се секогаш на она што е важно при навестувањето на евангелието – ги поттикна Папата.

На Богородица Папата ги довери семејствата, младите, старите лица, затворениците и сите кои страдаат. Посебно се спомна на болните од лекукемија. На крајот верата, надежта и љубовта на собраните верници ги довери на Богородица, како би биле сол и светло, на „оваа благословена земја,чиј што внук сум и јас“ истакнаСветиот Отец.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.