2015-06-18 10:16:00

Папата: Читајте ја енцикликата со отворени срца


На Генералната аудиенција во среда, 17 јуни 2015 гоидина папата Фрањо упати апел по повод утрешното објавување на неговата енциклика „Лаудато си“.

Утре, како што ви е познато, ќе бид објавена енцикликата за грижата за „заедничката куќа“, која е создадениот свет. Таа наша „куќа“ се руши и штети на сите, најповеќе на сиромашните. Ве повикувам на одговорност, врз основа на задачата која Бог му ја довери на човекот при создавањето: да ја „обработува и чува“ градината во која го постави (сп. Битие 2,15). Ве повикувам сите со отворени срца да го читате тој документ, кој е по стапките на социјалното учење на Црквата, рече Папата.








All the contents on this site are copyrighted ©.