2015-06-11 10:04:00

Папската служба за милостиња ќе отвори преноќиште


Кон услугите кои ги дава Папската служба за милостиња ќе биде надополнета со уште една: место каде што ќе можат да преноќат бездомниците.

Покрај тушеви и берберница, како и топли оброци на римската железничка станица Термини, за бездомниците наскоро ќе биде отворено преноќиште во близина на Ватикан, изјави делителот на Папската милостиња, архиепископот Крајевски во разговор за италијанската агенција Анса. Како што објасни ќе има 30 кревети и ќе се користат само како преноќиште, а за давање на услугите ќе бидат ангажирани волонтери. Датумот на отворање уште не е потврден. Како што рече архиепископот Крајевски, целта на овие услуги е да им даде достоинство на тие луѓе.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.