2015-06-08 09:21:00

Средба на Папата со клерот во катедралата во Сараево


Бидејќи го сослуша поздравот на кардинал Пулиќ, како и сведоштвата на чесната сестра Љубица, на отец Звонимир и фра Јозо, Папата подготвениот говор му го предаде на кардинал Пуљиќ, и спонтано им се обрати. При тоа тој им се заблагодари на сите за служењето на Евангелието и Црквата – како што рече – во тешките историски моменти за христијанската заедница во Босна и Херцеговина.

Плодноста на служењето зависи од верата, од братството кое нè поддржува и охрабрува. Преку посветеноста на Божјот народ, преку близината на сиромашните и на едноставниот народ растеме во сообличувањето со Христос, а братството ни дава радост и ја прави ефикасна нашата работа – истакна Светиот Отец.

Во контекст на Босна и Херцеговина да служиш на Божјиот народ значи да промовираш пасторал на надеж, значи да излезеш и да ги бараш луѓето кои ја чекаат Радосната вест, значи да одиш кон оние кои самите не знаат или не можат да го најдат патот кон Исус; значи да одиш  во пресрет на сите кои од нас бараат помош, можеби заради срам не бараат иако им е неопходна – објасни Папата.

Светиот Отец во разговор ја истакна важноста на сведочењето на верниците, свештениците, монасите, богословите и семиниристите и потребата од добра лаичка формација за да можат да бидат протагонисти на евангелизациското послание на Црквата. Верниците лаици во свештениците и монасите треба да ја  видат она верна и несебична љубов која Христос ја оставил како порака на своите ученици – рече папата Фрањо.

Завршувајќи го говорот Папата поттикна сите да погледанат во Блажена Дева Марија, првата Господова ученичка и пример за живот посветен на Него и браќата. Кога се наоѓаме во тешкотија, кога ја чувствуваме својата немоќ Нејзе да и се обратиме со посветеност на син. Таа постојано ни порачува – како на свадбата во Кана – „Сè што ќе ви рече, направете!“ (Ив 2, 5).

Таа нè учи да го слушаме и следиме Исус, но со вера! Таа е нејзината тајна која сака да ни ја пренесе како мајка: верата, она изворната вистинска вера која може да преместува планина. Преку нејзиното застапување можеме радосно да му служиме на Господ и насекаде да бидеме сеачи на надеж – заврши Папата.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.