2015-05-07 18:20:00

Папата ќе се сретне со Раул Кастро


Папата Фрањо на 10 мај 2015 година во Ватикан ќе се сретне во приватна аудиенција со претседателот на Република Куба, Раул Кастро. Средбата ќе се одржи во Папскиот кабинет на салата Павле VI, стои во соопштението на директорот на прес службата на Ватикан, отец Федерико Ломбарди.

Претседателот Кастро јавно му се благодари на Папата за неговата улога за зближување меѓу Куба и САД. Светиот Отец ќе го посети Карибскиот остров во септември, на пат кон САД“, истакна портпаролот на Ватикан.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.