2015-05-05 10:45:00

Папата ги изненади Швајцарските гардисти


Како што извести патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, кардинал Питеро Паролин за нив служеше света Литургија во Ватикан и го благослови новото знаме. На изненадување на присутните, по Литургијата се придружи и папата Фрањо.

По говорот на командантот, Папата кратко се обрати на собраните гардисти, честитајќи му од срце на новиот командант, опишувајќи во неколку црти она што се бара од него; треба да е човек на единство, љубов и понизност. Посака кон членовите на гардата да се однесува татковски и да моли за да Светиот Дух на сите гардисти им даде да растат во љубовта и единството. Тој потсети и на мотото на Швајцарската гарда: „Mut und Demut“ – храброст и понизност. Евангелското заповедување значи служење – напомена Папата и на крајот на сите присустни го подели својот апостолски балгослов.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.