2015-05-04 19:58:00

Папата упаати видео-порака на отвoрањето на ЕКСПО во Милано


Ние мора да престанеме да мислиме дека нашите секојдневни активности влијаат на оние кои страдаат од глад – рече папата Фрањо во директната видео-порака по повод отворањето на Светската изложба во Милано, во која побара промена на менталитетот што се однесува до прехранувањето, како да се нахранат секој маж и жена на планетата, и тоа почитувајќи ја животната средина. Папата со цврст став рече „не“ на расипувањето и фрлањето и побара секогаш да се помисли на гладните мажи, жени и деца. Така Експо – рече Папата – може да биде добра можност за глобализација на солидарноста.

Осврнувајќи се на темата на оваа Светска изложба, „Да се нахрани планетата, енергија за живот“, папата Фрањо рече дека таа е важна, од суштинско значење, но доколку не остане само ‘тема’ за разговарање, но доколку биде пропратена со свеста за лицата кои денес ги има гладни на милиони и милиони, кои денес нема да јадат на начин достоен на еден човек.

Светиот Отец потоа зборуваше за скриеното присуство на овие лица кои – како што рече – всушност тие ќе бидат протагонисти на овој настан. Присуството е ова за кое Папата – како што покасно беше рекол – би сакал да го почувствува секој човек кој ќе ја посети изложбата. Целта е очигледна и потребна: треба да се промени менталитетот. Пред себе имаме парадокс на изобилството (како што беше рекол Иван Павле II, во 1992 година, во Организацијата на Обединетите Нации за храна и земјоделство – ФАО), како и култура на расипување и фрлање – потсети папата Фрањо и цврсто побара промена на менталитетот со цел да се престане со мислењето дека нашите секојдневни активности, на сите нивоа на одговорност, не влијаат на животот на оние кои, дали би биле близу или далеку од нас, страдаат од глад. Мислам на многубројните мажи и жени кои страдаат од глад, а пред сѐ на мноштвото деца во светот кои умираат од глад – рече папата Фрањо.

Светиот Отец на тој начин им се обрати на сите, зборувајќи им за различните нивоа на одговорност, но потоа посебно се осврна на – како што рече – луѓето кои ќе имаат посебна улога на оваа изложба: на многубројните работници и истражувачи во областа на прехраната. Господ на секој нека му подари мудрост и храброст, бидејќи голема е нивната одговорност – рече Папата.

На почетокот на пораката Светиот Отец објасни дека зборува како римски бискуп, во име на поклониците на Божјиот народ во целиот свет; неговиот глас е – како што рече – глас на многубројните сиромашни кои се дел од овој народ и достоинствено, со пот на челото, се обидуваат да си го заработат лебот. Затоа го упати својот апел: Експо е добра можност за глобализација на солидарноста. Да не ја пропуштиме, туку да се обидеме потполно да ја искористиме.

Мојата желба е – додаде – оваа искуство на претприемачите, на трговците, на научниците, да овозможи да се почуствуваат во големиот проект на солидарноста: планетата да се нахрани почитувајќи го секој маж и жена кои живеат на неа, и со почитување на животната средина. Потоа потсети на молитвата која Исус нѐ научи – Оче наш, во која велиме „Лебот наш насушен дај ни го денес“.

Тоа е голем предизвик на кој Бог го повикува човештвото на XXI век: конечно да престане да ја злоупотребува градината која Бог нѝ ја доверил, за да би можеле сите да јадеме од плодовите на оваа градина. Прифаќањето на овој голем проект дава големо достоинство на работата на оние кои произведуваат и на оние кои истражуваат во областа на прехраната – напомена Папата.

Потоа споменувајќи го 1-ви мај, ден посветен на работата, Папата не ги заборави сите работници кои се труделе во подготовката на Светската изложба во Милано, а особено оние – како што рече – на кои не им се знае името, кои се скриени, кои заблагодарувајќи се исто така на Експо го заработија својот леб. На никој да не му биде скратено тоа достоинство! И ниеден леб да не биде плод од работата која не е достојна за човекот! На ниеден маж ниту жена да не им недостасува леб и достооинство на работата – истакна Светиот Отец и повторно изјави – Сѐ тргнува од тоа, од откривањето на лицата.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.