2015-05-04 20:31:00

Папата: Проблемите се решаваат со солидарност


Папата Фрањо во сабота 2 мај на аудиенција прими повеќе од илјада поклоненици од италијанската бискупија Изернија-Венафро при што нагласи за потребата на „новиот мисионерски ентузијазам“, кој може да ја надмине верската реалност која станала статична.

При тоа Сетиот Отец ги охрабри да бидат сведоци на солидарноста, бидејќи – како што рече – „проблемите се надминуваат со солидарност“.

Папата го истакна проблемот за невработеноста, особено на младите генерации, како и недостатокот на соодветната грижа – особено за старите, болните и лица со посебни потреби – што ги повикува на „општа мобилизација“ сите делови на општеството за да одговорат на овие проблеми. „Не можат да се одложат постапките во корист на отворањето на нови работни места, како и – особено на младите – да им се даде можност за самореализација по пат на чесно вработување – рече Светиот Отец.

Потсетувајќи дека во бискупијата Изернија-Венафро за време на Јубилејната година на свети Папа Целестин V, која минатата година во јули ја прогласи самиот папа, истакна дека тоа треба да биде повод за „враќање на Христос, евангелието, како и помирување со Бога и со ближниот“. Светиот Отец, освен тоа ги поттикна поклониците да го донесат евангелето „на оние кои, уморни од човечките зборови, чувствуваат голем копнеж за Бога“. Напомнувајќи дека овој бискупски јубилеј може да биде и добра подготовка за следната Света година на милосрдието, Папата изрази надеж дека мисионерскиот жар  особено ќе ги зафати парохиите, кои се „вистинско школо на заедништвото“ и каде „жарот на љубовта ги надминува искушенијата на површната и сува религиозност“.

Кога се чини дека потешкотиите ги замаглуваат погледите за подобра иднина, кога се искусува неуспехот и празнината, тогаш е времето за христијанската надеж, која е – како што објасни папата Фрањо – втемелена на воскреснатиот Господ и која ја следат каритативните напори во корист на оние кои имаат најмногу потреба: не само за да им одговорат на нивните итни потреби, но со нив заедно да се изгради поправедно и посолидарно општество.

Пресвеета Богородица нека ве направи послушни на зборот Господов, да ве преобрази во понизни апостоли, веродостојни и активни во служба на евангелието – рече Папата, охрабрувајќи ги, со залагање на сите светци, без страв и со надеж да гледаат кон иднината. На крајот на аудиенцијата Светиот Отец им го додели својот апостолски благослов и ги замоли да се молат за него.

РВ/З.А.

 








All the contents on this site are copyrighted ©.