2015-05-01 17:58:00

Папата Фрањо: Христијанинот би требало да клекне пред сиромавиот


На нив и на нивните проекти за солидарност, беа наменети паричните средства собрани од продажбата на билетите.

Дали некој помислил некогаш дека од бездомникот може нешто да се научи? Кој мисли дека тој може да биде свет? – праша Светиот Отец обраќајќи им се на учесниците во преtставата, меѓу кои имало бездомници, eмигранти, лица кои се хранат во народната кујна на Каритас. Напротив, вечерва токму вие од сцената ќе направите место од кое ќе можете да ни ја пренесете скапоцената поука за љубовта, за потребата на ближниот, за солидарноста, за тоа како во потешкотиите се пронаоѓа љубовта на Отецот – рече Светиот Отец.

Папата Фрањо не присуствуваше на претставата, но се разбира дека со задоволство би бил таму, меѓу публиката, со цел да го доживее искуството кое не може да се споредува. Многу приказни, но сите зборуваат за различните облици на љубовта: кон родителите, кон жената, кон сопствените деца, кон Бога, како и за доброто на ближниот.

Вие за нас не сте товар – рече Папата. Вие сте богатство без кое залудни се нашите обиди да го откриеме лицето на Господ. Неколку дена по мојот избор за папа, примив од вас честитка во која ме уверувате дека ќе се молите за мене. Се сеќавам дека веднаш ви одговорив напомнувајќи дека вас ве носам во срцето и дека сум ви на располагање. Ги потврдувам тие зборови – рече Папата и додаде – за овој повод ве замолив да се молите за мене. Повторно за тоа ве молам. Тоа навистина ми е потребно.

Потоа спомнувајќи голем број Римјани со душата на Добриот Самарјанин – од маченикот Ловро до дон Луиџи ди Лиегро, основач на Римскиот Каритас – Светиот Отец им се заблагодари на персоналот на Каристас и на волонтерите во Рим и во цела Италија, кои со нивната близина на оние кои се во потреба им го откриваат– како што рече – светот кој бара внимание и солидарност; мажите и жените кои бараат нежност, човечки однос, достоинство и со кое сите може да ја почувствуваме љубовта учејќи се да ја прифаќаме, да ја слушаме и да се даруваме.

Како би сакал Рим да сјае со љубов за оние кои страдаат, прифаќајќи ги оние кои бегаат од војната и од смртта, ставајќи се на располагање, со насмевка и великодушност за оние кои ја изгубиле надежта – рече папата Фрањо. Како би сакал Црквата во Рим сè повеќе да биде внимателна и грижлива мајка за најслабите. (...) Како би сакал парохиските заедници во молитва, кога во црквата ќе влезе сиромав, со почит да клекнат како да влегол самиот Господ – рече Светиот Отец на крајот од пораката.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.