2015-04-29 10:11:00

Кардиналот Стела за посетата на Папата на Куба


Посетата ќе се реализира по покана на Кубанската епископска конференција, а по повод осумдесет годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Светиот Престол и Куба.

Кардиналот Стела беше апостолски нунциј во Куба од 1993 до 1999 година, а исто така помагаше и во подготовките на посетата на папата свети Иван Павле II на таа земја во 1998 година. „Мислам дека секоја посета на Папата е еден важен момент кој побудува голема надеж за државата која ја посетува, рече кардиналот, додавајќи дека е уверен дека посетата на Светиот Отец ќе помогне во унапредувањето на односите меѓу Куба и Соединетите Американски Држави. Да потсетиме, Ватикан имаше важна улога во поттикнувањето на тие две земји за повторно да воспостават дипломатски односи. Папата ја има во сеќавање Куба и секогаш се моли за неа, истакна кардиналот Стела.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.