2015-04-14 17:40:00

Турција го повелече својот амбасадор при Светиот Престол


Турската влада – како реакција на изјавата на Папата по повод обележувањето на  години од „Големото злосторство“, односно масакрот врз ерменците во тогашното Османлиско царство – го повлече во Анкара на советување својот амбасадор при Светиот Престол.  Папата Фрањо во неделата 12 април во поздравот до емренските верници пред Литургијата усмено и во пораката врачена после Литургијата во пишан облик, ја цитира заедничката изјава на свети Иван Павле II. И католикос Карекин II. – кои ерменската трагедија ја нарекоа „прв геноцид во 20 век“.

Турската влада – чувствителна на употребата на зборот „геноцид“ за тој настан – го повика Апостолскиот нунциј во Анкара, архиепископот Антонио Луцибела, за да го искаже свето „длабоко жалење и разочарување“.








All the contents on this site are copyrighted ©.