2015-04-09 09:24:00

Папата Фрањо: Нашите грешки да не ги префрламе на децата


Во катехезата на Генерална аудиенција во среда 8 април Светиот Отец рече дека децата се најубавиот плод на благослов кој Створителот ги обдарил мажот и жената. Зборувавме за децата како за голем дар, а денес за жал мораме да зборуваме за страдањата на многу деца – рече папата Фрањо.

Многу деца од самиот почеток се отфрлени, напуштени, украдено им е нивното детинство и иднина. Некои се осудуваат да зборуваат правдајќи се дека згрешиле затоа што родиле деца. Тоа е срамота! Своите грешки не треба да ги товариме на децата! Децата никогаш не се „грешка“. Грешка не е нивниот глад, нивното сиромаштво, кревкост и напуштеност, нивното незнаење или нивната неспособност. Напротив, тоа се причини за уште повеќе и повеликодушно да ги сакаме. Зошто ни е свечена декларација за правата на човекот и детето ако децата ги казнуваме заради грешките на возрасните луѓе? – праша Светиот Отец.

Задолжени за управувањето и воспитувањето, а би кажал и сите возрасни сме одговорни за децата, а секој мора да се зазема за да се подобри состојбата на децата. Секое напуштено и исклучено дете препуштено на улиците да се снаоѓа како што знае и умее, без училиште и лекарска нега е крик кој се воздигнува до Бог и го обвинува системот кој сме го изградиле. За жал, таквите деца стануваат плен на злосторниците кои ги злоупотребуваат за нечесни дела и трговија или ги обучуваат за војна и насилство – рече папата, додавајќи:

И во богатите земји многу деца многу тешко живеат заради криза на семејството, воспитни пропусти, а понекогаш и нечовечки животни услови. Во секој случај , тие деца страдаат во душата и телото, но Отецот небесен не заборава ниту едно од нив. Ниту една нивна солза нема да биде изгубена, како што не исчезнува нашата одговорност, одговорноста на општеството и државата – рече папата Фрањо и потсети на Исусовото однесување со децата.

Исус еднаш ги укорил учениците, бидејќи ги одалечувале децата кои родителите ги доведувале за да ги благослови. Трогателно е евангелското проповедање: „Тогаш доведоа при Него деца, за да ги положи рацете над нив и да се помоли, а учениците им бранеа. Но Исус рече: Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на таквите е царството небесно. И кога ги положи рацете над нив, Исус си отиде оттаму.“ (Мт 19, 13-15).

Убава е таа доверба на родителите и овој Исусов одговор. Би сакал оваа страница од Евангелието да стане нормална историја за сите деца. Фала Му на Бог, вистина е дека децата со големи тешкотии често имаат прекрасни родители, подоготвени на секоја жртва и великодушност. Нив не смееме да ги оставиме сами. Треба да ги следиме во нивните напори и да им овозможиме моменти на радост и безгрижна веселба, за да не бидат преокупирани само со терепевтска рутина – поттикна Светиот Отец.

Кога децата се во прашање, тогаш не би смеело да се слушнат сувопарни оправдувања: „на крајот на краиштата ние не сме добротворна институција’ или „секој во приватниот живот може слободно да прави сè што сака“ или пак „жал ми е, но не можеме ништо да направиме.“ Децата често трпат заради макотрпниот живот на родителите кои немаат постојана работа или недоволно заработуваат или пак се истрошени заради неподносливото работно време.

Децата ја плаќаат цената заради незрелите врски и неодговрните разводи; трпат заради последицата на културата на претерани субјективни права и заради тоа премногу рано созреваат. Често не можат да се носат со насилството кое апсорбира, а се приморани под надзор на возрасните да се навикнат на понижување.

И во ова наше време, како и во минатото, Црквата својата мајчинска нежност ја става во служба на децата и нивните семејства. На родителите и децата од овој наш свет и го донесува Божјиот благослов и мајчинската нежност. Со децата не се шегува – предупреди Папата.

Замислете какво би било општеството кога еднаш засекогаш би го усвоило ова начело: Вистина е дека не сме совршени и дека многу грешиме. Но, кога се во прашање децата кои доаѓаат на свет, ниту една жртва на возрасните нема да се смета за премногу голема и премногу тешка, за детето да не мисли дека е „грешка“, дека не вреди ништо, дека е препуштено на животните проблеми и самоволието на луѓето.“ Тврдам дека на тоа општество многу ќе му биде простено, безбројните негови гревови – истакна Папата додавајќи:

Бог го го пресудува нашиот живот слушајќи го она што му го зборуваат ангелите кои „секогаш го гледаат лицето на Отецот кој е на небесата“ (Мт 18, 10). Секогаш да се прашуваме: Што тие ангели деца за нас ќе му кажат на Бог – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.