2015-04-06 16:23:00

Велигденска порака на верски поглавари од Светата земја


Ниту една вистинска религија не може да го оправда насилството – пишуваат во својата велигденска порака поглаварите на христијанските Цркви во Ерусалим, кои исто така упатија честитки и до еврејската заедница. Самото постоење на градот Ерусалим е парадоксален знак на надежта која владее со Царството Божјо – стои меѓу другото во пораките.

Ерусалим е неверојатен град, треба да се дојде овде за да се разбере тоа – рече патер Пјербатиста Пицабала, кустос на Светата Земја, осврнувајќи се, во разговор за Радио Ватикан, за споменатата порака. Тоа е град кој има неверојатни можности; навистина тој е куќа на молитви за сите народи, според пророштвата на Исаија, бидејќи сите се овде: евреи, христијани, муслимани. А христијаните се присутни од сите Цркви; овде навистина е собран целиот свет.

Меѓутоа, истовремено тоа е и многу ранета реалност – додаде патер Пицабала –Сите овие заедници се ранети во различни периоди од историјата со односите кои никогаш не може да се предвидат, туку мора секој ден да се градат. Сето тоа е градот Ерусалим. Секако постои страв и сомнеж, кои се знак на смртта, но постојат и многу можности, многу мали реалности кои, и покрај сѐ, се градат, а кои се исто така и надеж за иднината – вели кустосот на Светата земја.

На новинарскиот коментар како поглаварите на христијанските Цркви во Ерусалим во пораката многу остро го осудуваат насилството кое најмногу го погодува малцинството, и истакнуваат дека тие кои се однесуваат како варвари, заедно со своите жртви стануваат и самите нечовеци, патер Пицабала потсети дека сме создадени. на слика и прилика Божја. А тие варварски дела, за кои сме сведоци, за жал, речиси секојдневно, го негираат Божјиот план, но ја негираат и нашата човечка суштина. Тоа треба да се осуди без ниедно ‘ако’ и ‘но’, како и без искривување – истакна на крајот кустосот на Светата Земја.

 РВ/З.А.

 

 








All the contents on this site are copyrighted ©.