2015-04-01 11:32:00

Надбискупот Ауза за целите на Развојот по 2015 година


Целите за Развој треба повеќе да се фокусираат на најранливите и најсиромашните земји, како и на државите каде што конфликтите сеуште го спречуваат остварувањето на целите за развој или предизвикуваат назадување и пад во уште помала развиеност – истакна надбискупот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации, по повод меѓувладините преговори во Њујорк, за целите за развој по 2015 година, односно за Целите на одржливиот развој (Sustainable development goals или SDG).

Некои цели се сфаќаат на различен начин во различни култури и религиски контекста и затоа различно се остваруваат во државните политики и законодавства. Тоа треба да се земе во предвид, со цел да би се почитувале националните вредности, државната политика и законодавството на земјите – порача монсињор Ауза.

Освен тоа, индикаторите за развој треба да бидаат глобални, земајќи ги во предвид државните и локалните специфичности. „Индикаторите не може да бидат нереални фигури кои може да ги постигнат само развиените земји – ако воопшто и тие“ – рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.