2015-03-31 10:31:00

Папата: Тереза Авилска, „учител на молитвата“


Тереза не се ограничува да биде „гледач“ на реалноста што ја опкружува, туку станува „неуморен гласник на Евангелието“ и покрај нејзиното кревко здравје, таа е „учител на молитвата“ за сите, пишува Папата во писмото. „Молитвата на Тереза не се ограничува на едно место и еден момент од денот, туку спонтано извира при најразлични ситуации“. „Убедена во вредноста на долготрајната молитва, светицата нè повикува да бидеме постојани во верата, дури и при искушенијата, личните тешкотии или итните потреби“.

„За обновувањето на богопосветениот живот денес - забележува Папата - Тереза ни остава големо богатство, исполнет со конкретни предлози, патишта и методи на молитва, кои ја надминуваат надворешната лична осаменост и внатрешната рамнотежа и нè водат секогаш кон Исус. Тие претставуваат вистинско училиште за зголемување на љубовта кон Бог и кон ближниот“.

За Папата, иако на растојанието од пет века, Тереза Авилска останува и денес „сигурен водич и привлечен пример за сеопфатното дарување на Бога“. „Како и досега, така и денес светицата ни открива нови хоризонти и нè повикува кон градење на еден голем проект, за да го гледаме светот со очите на Христос и го бараме она што Тој го бара и го сакаме она што Тој го сака“.

На крајот, Папата ги повика заедниците на сестрите кармилитанки да се претворат во „домови на заедништво, да ја сведочат братската љубов и мајчинството на Црквата, претставувајќи ги на Господ потребите на светот, измачуван од поделбите и војните“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.