2015-03-21 17:53:00

Папата: Смртната казна е навреда за животот


Смртната казна е сурова, нечовечка и понижувачка. Ниту еден злосторник на светот не заслужува смртна казна. Неправедно е да се убие некој затвореник, бидејќи правдата бара секому да му се понуди можност за поправање. Осудувајќи го посегањето за смртна казна, Папата посака свет без неа, а им се заблагодари на сите кои се борат за „општ мораториум на изведување на смртната казна, со надеж за нејзино конечно укинување.

За црковното гледање на човечкиот живот, Папата повторно го истакна учењето на Католичката црква: животот е свет, бидејќи Бог го љуби човекот неизмерно. Цитирајќи го свети Августин дека „Бог убиството не сака да го казни со убиство, затоа што покајанието на грешникот му е помило од неговата смрт“, Папата рече дека Бог го гарантира човечкото достоинство на секој човек.

Смртната казна, продолжи Папата, навистина се противи на „чувството на хуманост“ и Божјото милосрдие, кое треба да биде пример за човечката праведност. Сурова е смртната казна, нечовечка и понижувачка, како и вознемиреноста која претходи на нејзиното извршување и ужасно чекање, од правосилноста до извршувањето на казната; тоа мачење во име на правичното судење обично трае многу години, а често доведува до болест и лудило – потсети Папата.

Светиот Отец одлучно го осудува користењето на смртната казна во „тоталитарните режими“ или како што прават „група фанатици“ на кои убивањето на затвореници и – како што рече – е средства за сузбивање на политички противници, малцинства и „опасни луѓе“, сите оние кои ги сметаат за пречка во остварувањето на сопствените планови, а тоа всушност им се случува на многу христијани, „нови маченици“ кои Црквата ги оплакува – рече Светиот Отец, додавајќи:

Зборувајќи пак за државите кои ја применуваат смртната казна, Папата рече дека казната е „неуспех“ за оној кој ја применува, а ја смета за недозволена, па колку злосторството и да било тешко, затоа што не ја задоволува правдата, туку поттикнува на освета. Правдата никогаш нема да се постигне убивајќи човечко битие – рече Светиот Отец, продолжувајќи:

Човечката правда е несовршена, а смртната казна му пречи на осудениот да ја исправи неправдата или да ја надомести штетата; му ја одзема можноста со исповед да го покаже своето внатрешно обраќање, каење и помирување како и средбата со милосрдната и спасителсна Божја љубов – истакна Светиот Отец.

Папата одлучно ги осуди расправите во некои општествени средини за начинот на убивање, како да станува збор за барање на начин како „добро да се убие“, истакнувајќи дека не постои човечки начин на „убивање на друг човек“. Зборувајќи пак за доживотниот затвор, рече дека станува збор за „прикриена смртна казна“ која што освен ја одзема слободата, осуденикот го лишува од надежта. Казнениот систем на осудениците може да им го одземе времето, но никогаш не може да им ја одземе надежта – рече папата Фрањо.

Забележувајќи дека пораснала моралната чувствителност за вредноста на човечкиот живот и поголемото противање на смртната казна, Папата повтори дека христијаните и сите луѓе со добра волја се повикани во борба за укинување на смртната казна, како и на подобрување на затворските услови и за почитување на достоинството на затворениците.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.