2015-03-18 11:55:00

Папата Фрањо:монс.Лингуа за Апостолски нунциј во Куба


Папата Фрањо за Апостолски нунциј во Куба го именува монс. Џорџо Лингуа, титуларен архиепископ на Тусканија и досегашен Апостолски нунциј во Ирак и Јордан. Монс. Лингуа доаѓа на местото на монс. Бруно Масуро, кој во февруари оваа година беше именуван за Апостолски нунциј во Египет.

Монс. Лингуа е роден во италијанскиот град Фосано на 23 март 1960, а за свештеник е ракоположен на 10 ноември 1984 година. Докторира канонско право и на 1 јули 1992 влегува во дипломатската служба на Светиот Престол. Својата служба ја извршува во Брегот на Слоновата Коска и Соединетите Американски Држави, во одделението за односи со земјите, кое е во склоп на Ватиканскиот државен секретаријат, како и во Апостолските нунцијатури во Италија и Србија.

На 4 септември 2010 година е назначен за Апостолски нунциј во Јордан и Ирак и истовремено е именуван за архиепископ со архиепископско седиште во Туск. За епископ е ракоположен на 9 октомври 2010 во ватиканската базилика „Свети Петар".

РВ/го*ко                                                             

 








All the contents on this site are copyrighted ©.