2015-03-16 09:31:00

Струмица: Молитвена иницијатива „24 часа за Господ“


На повик од папата Фрањо во целата Црква да се организира молитва „24 часа за Господ“, парохијата Свети Иван Крстител – Струмица одговори со непрекината молитва во парохијата во текот на 24 часа. Молитвената иницијатива започна во петок 13 март во 17.00 часот со Света Литургија и Крстен пат во парохиската црква, а заврши со Обожавање на Светото Причастие и благослов во сабота 14 март со почеток во 17.00 часот.

На тој начин парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се приклучи на иницијативата „24 часа за Господ“, а за молењето беа вклучени голем број верници од парохијата.

На оваа иницијатива се вклучија и други парохии од Апостолскиот егзархат во Македонија.

„Да не ја потценуваме силата на молитвата, мноштвото гласови соединети во молитва. Иницијативата 24 часа за Господ, за која се надевам дека на 13 и 14 март ќе се спроведе во целата Црква, исто така и на епархиско ниво, треба да биде знак за потребата и важноста на заедничката молитва“ – истакнува папата Фрањо во својата овогодинешна порака за Великиот пост.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.