2015-03-10 11:46:00

Папата Фрањо во посета на римската населба Тор Бела Монака


Посетата е дел од пасторланите посети на папата Фрањо на римските парохии. Папата Фрањо го посети Каритас центарот, раководен од Мисионерките на милосрдието, каде се сретна со 80 инвалиди и болни, а потоа и со пет загрозени семејства, италијански и странски.

Во проповедта, Папата го коментираше Евангелието од Третата недела од постот, Иван (2,13-25) во кое се зборува за тоа Исус ги гони трговците од храмот, обраќајќи внимание на оние христијани кои се претставуваат на еден начин, а постапуваат по друг - одат во црква, но живeат како неверници: „Но Исус не може да биде излажан, бидејќи го знае она што е во нас“, рече Папата.

Во време на Великиот пост Папата повика секој да се запраша: „Исусе, ми веруваш ли? Дали сум лицемерен пред Тебе? Во секој од нас има грев, но Исус не се плаши од гревот. Во секој од нас има нечистотија и гревови на себичност, гордост, алчност, завист и љубомора! Но и покрај тоа можеме да разговараме со Исус“. Важно е да се сфати дека „ако признаеме дека сме грешници и ја отвориме вратата на Исус, можеме да си ја очистиме својата душа“.

„Знаете ли кој е камшикот на Исус за прочистување на нашите души? Милосрдието - рече Папата. Отворете ги срцата за милосрдието на Исус! Дојди Исусе и очисти нè со Твоето милосрдие, со Твоите благи зборови и нежност“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.