2015-03-07 12:14:00

Папата го прими во аудеинција претседателот на Азербејџан


Во петок 6 март Светиот Отец во аудиенција го прими претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев и неговата сопруга, кој потоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите, монс. Антоин Камилери. За време на срдечните разговори изразено е задоволство од развојот на билатереланите односи.

Посебно внимание е посветено на католичката заедница во Азербејџан, како и на иницијативи од полето на културата, кои во современиот свет ја покажуваат вредноста на меѓукултурниот и меѓуверскиот дијалог, со цел промовирање на мирот. Станало збор и за актуелни регионални и меѓунардони прашања, нагласувајќи ја важноста од преговори за конфликтите, како и воспитување кое ги промовира условите за мирен соживот меѓу народите и разните верски заедници.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.