2015-02-21 09:59:00

Папата ги прими во аудиенција украинските епископи


Во текстот од официјалното обраќање, Папата ги повика епископите кон дијалог и соработка за постигнување на „возможен мир“. „Светиот Престол е заедно со вас, и пред меѓународните институции, за да бидат разбрани вашите права и вознемирувања, како и евангелските вредности од кои сте водени“.

Во говорот Папата е засегнат од „постоечкиот тежок конфликт, кој продолжува да зема невини жртви и предизвикува големи страдања на населението“ и повторно упатува апел до засегнатите страни „да биде спроведен постигнатиот договор и да се почитуваат принципите на меѓународното право“.

Папата ги повика украинските епископи „да го слушаат гласот на народот и да го поттикнуваат кон вредностите кои го карактеризираат: среќавањето, соработката, способноста да ги надминат противречностите. Со еден збор: да се бара возможен мир“.

Погледот на папата Фрањо е насочен и кон последиците од кризата, која се рефлектира во животот на семејствата, економијата и јавните институции, создавајќи „неправедна сиромаштија во една дарежлива и богата земја“. Оттука и неговиот повик до епископите да не ги прекинуваат своите пастирски обврски носени од верата и да бидат „бранители на семејствата, на сиромашните, невработените, слабите, болните, постарите, хендикепираните и бегалците“.

„Единството на епископите, освен доброто сведоштво пред Божјиот народ, е истотака, и непроценливо служење на нацијата, како на културен и социјален план, така на духовен - додава на крајот Папата во својата пораката. Ако сте обединети во основните вредности ќе ги имате најголемите богатства: верата и Божјиот народ. (...) Бидете благородни и однесувајте се еден кон друг како браќа“

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.