2015-02-17 14:42:00

Сѐ поголем број на сиромашни; потребна е солидарност


Папата им се заблагодари за нивната работа во служењето на сиромасите, истакнувајќи дека се поголемиот број на маргинализирани лица кои се изложени на големи опасности, бара од нас „занес на солидарност“ за да им ја пружиме потребната материјална и духовна подршка.

Борејќи се со своите потешкотии, сиромасите често го сведочат она што е важно, семејните вредности, продолжи Папата. Рамнодушноста и егоизмот се секогаш стапици, а вниманието кон сиромасите нѐ збогатува, ставајќи нѐ на патот на понизноста и вистината, бидејќи „нивната присутност е потсетник на нашата заедничка човечност и зависност од Бог и браќата“. Затоа, Папата поттикнува, во пресрет на постот, да го молиме Бога за милосрдно и сиромашно срце „кое ја познава сопствената беда и се троши за ближните“.

На крајот, членовите на „Про Петри Седе“ беа поттикнати од страна на Светиот Отец на „зајакнување на братството“, за да можат да напредуваат во своето послание во служба на сиромасите и слабите кои Исус посебно ги сака.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.