2015-02-17 12:35:00

Папата на отворањето на Конзисториумот


Во говорот Папата упати посебен поздрав до 20 нови кардинали, кои во сабота ќе воздигнати и официјано поставени во Кардиналскиот колегиум: „Колку е убаво, кога браќата се заедно“, истакна Папата, нагласувајќи го духот на заедништво и колегијалност. Исто така изрази благодарност и до Комисијата од девет кардинали задолжена за подготовка на новата Апостолска конституција, посебно до кардиналот - декан Анџело Содано, до нејзиниот координатор кардиналот Оскар Родригез Марадјага и до секретарот монсињор Марчело Семераро.

Папата објасни дека за време на работата ќе биде претставен и анализиран текстот за новата Апостолска конституција за реформа на Римската Курија, кој содржи „многу предлози, вклучувајќи и предлози на раководители и одговорни на ватиканските конгрегации, како и експерти“.

„Целта е да се постигне поголема хармонија во работата на конгрегациите и службите и за ефикасна соработка во духот на транспарентноста, која ја гради синодалноста и соборноста“, рече Папата. „Реформата не е цел сама за себе, туку средство за активна евангелизација; да се промовира Екуменскиот дух и дијалог со сите“.

Папата потсети дека реформата, посакувана од мнозинството кардинали за време на генералните конгрегации пред Конклавата, треба уште повеќе да го усовршува идентитетот на Римската Курија и да му помага на Папата „при вршењето на неговата пастирска служба за доброто на Универзалната Црква и на одделните Цркви“. Служба, истакна Папата, која „го зајакнува единството на верата и општењето со Божјиот народ и ја промовира мисијата на Црквата во светот“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.