2014-03-26 12:04:12

Кардинал Бањаско: Правото на совест веќе е на европската обвинителна клупа


Новата влада да успее да влијае на трошоците и да започне развој – е желба на кардинал Анџело Бањаско, преседател на Италјанската бискупска конференција, на отворањето на работата на Постојаниот Совет на Конференцијата, која вчера започна во Рим, велејќи НЕ на оние кои не сакаат да го признаат правото на совест.

Италија треба повторно да тргне – уверен е преседателот на Италјанската епископска конференција – кој од сите политички фактори бара поттикнување за отворање на нови работни места, посебно за младите, а да се контролира потрошувачката. Сето тоа треба да помине низ еден нов начин на размислање. Затоа: НЕ на бескорисната и штетна бирократија; НЕ на досегашната шема на острата опозициска страна, која најмногу им штети на најслабите, а соработката да биде целосна – рече кардинал Бањаско.

Сакам новата влада – со уверливо и одговорно учество на Парламентот – да успее да влијае на трошоците како и на гломазноста на институциите и бирократијата, но пред сѐ бараме повторно започнување на раст и развој и тоа така што економијата и работата да не остваруваат единствено профит, туку и вистинска подлога за вработување во Италија.

Поради тоа – како што известува Каритас – сиромаштвото се зголемува. Освен економските потфати потребно е да се размисли и за оние духовните. Кардиналот забележува дека правото на совест, веќе е на европската обвинителна клупа – зар повеќе тоа не е право на човекот? – прашува кардиналот. Освен погоре кажаното најголемо внимание треба да се посвети на семејството, често потценето на културно и малтретирано на политичко ниво. Задачата на Црквата е заштита на животот борејќи се против раширениот индивидуализам, посебно од причина што сега веќе и децата стануваат објекти на евтаназија – размислува кардинал Бањаско.

Станува збор за едно хипер-индивидуалистичко гледање, кое стои во коренот на светското зло; колку внатре во семејствата, толку и во економијата, во финансиите и во политиката. Останатите потреби на нашето време се верската слобода и слободата на образование и борба против криминалот. Посебно за училиштата, кардиналот не сака да има рамнодушност за наметнувањето на разни моди, туку радикално треба да се спротистави на родовата идеологија која различностите сака да ги изедначи (всушност: уништи) – смета кардинал Анџело Бањаско.
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.