2014-03-20 10:55:20

Гватемала: Нови живеалишта за жители од Гватемала со помош на папата Фрањо


Претседателот на Папскиот Совет „Cor Unum", кардинал Роберт Сара е во посета на Гватемала од 18 до 21 март, при што ќе учествува на свеченото отворање на комплексот од 19 живеалишта и една капела, изградени за 19 семејства, благодарение на донацијата на папата Фрањо, по природните катастрофи, од кои беше погодена земјата. Во периодот од август до октомври 2011 година, поплавите предизвикани од поројните дождови, лизгање на земјиштето и земјотреси, а година пред тоа и тропскиот тајфун Агата, нанесоа на жителите на Гватемала огромни штети и принудија илјадници семејства да ги напуштат своите домови.

Посетата на кардинал Сара е знак на конкретна блискост со луѓето, кои моментно учествува во обновата на земјата. Тој ќе се сретне со претставници на „Каритас Гватемала" и на епархискиот „ Каритас", а предвидено е и посета на Villa de los Nonos, колеџ за сиромашни млади, на кои им е доделена стипендија и добиваат образование до 18 годишна возраст.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.