2014-02-27 16:11:25

Проповед на Папата: Деца гладуваат во бегалски логори, а трговците со оружје се веселат во удобни сали


Деца гладуваат во бегалски логори, а трговците со оружје се веселат во удобни сали – претставувајќи ја таа слика во проповедта на светата Литургија на 25 февруари во капелата на домот Света Марта папата Фрањо, го коментираше литургиското читање од Посланието на свети Јаков, велејќи дека мирот не може да биде само „збор“ и ги поттикна христијаните да не се навикнуваат на соблазната на војната.

„Од каде се војните и расправиите меѓу вас?“ (Јаков 4,1) Тргнувајќи од тоа прашање на апостолот, Папата ги осуди сите војни. Коментираќи го препирањето на Исусовите ученици околу тоа кој од нив е најголем, Папата рече дека „војната настанува кога срцата се одделуваат.“ Секој ден во весниците читаме за војни, за поделби, немири и човечки жртви – потсети Папата додавајќи:

Изгледа дека мртвите станаа дел од секојдневниот биланс на состојба. Се навикнавме да читаме за тие работи како тоа да е нормално. А кого во овој момент би ги пребројале сите војни кои се водат во светот, сигурно би добиле многу долг список. Изгледа дека не обземал духот на војната. Се подготвува одбележување на годишнина од Првата светска војна која зад себе остави милиони мртви... Сите се соблазнати! Но таквата состојба трае и денес. Наместо Светска војна, насекаде се водат мали војни; народите се поделени... Се убиваат меѓу себе за да ги заштитат сопствените интереси – рече Светиот Отец.

„Од каде се војните и расправиите меѓу вас?“ (Јаков 4,1) – праша Папата повторувајќи ги зборовите од Посланието на свети Јаков, и одговори: војни, омраза и непријателството не се купуваат на пазарот – овде се – во срцето. Рече дека кога како деца им раскажувале за Каин и Авел, се соблажнувале затоа што не можеле да сфатат како некој е способен да го убие својот брат. Денес, за жал, помеѓу себе се убиваат милиони луѓе. И сме се навикнале на тоа. Првата светска војна нѐ соблазнува, а всушност таа војна е насекаде; прекриена, па така не нѐ ни соблазнува. Многу умираат поради парче земја или амбиција; поради расна омраза или поради завист на некого. Похота не вовлекува во војна; во световниот дух – кажа Папата.

Обично пред некој конфликт се наоѓаме во чудна ситуација: се обидуваме да ја решиме со расправија: војна со јазикот. Зарем говорот на мирот нема предност?! А последиците? Замислете гладни деца во бегалски логори... Размислувајте само за тоа: тоа е плод на војната. А ако сакате, размислувајте и за удобното дружење, за прославите кои ги организираат сопствениците на воената индустрија, за удобниот живот на произведителите на оружје – поттикна папата Фрањо.

Што ни се случува во срцето?, праша Папата. Апостолот Јаков ни дава едноставен совет: „Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас.“ (Јаков 4,8) Духот на војната нѐ одделува од Бог, а Он не е некаде далеку, туку е и во нашата куќа. Колку семејства се уништени затоа што таткото и мајката не се способни да го пронајдат патот на мирот и преферираат да се борат, да се гонат по суд... Војната уништува! Од каде војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли од вашите похоти? Во срцето се! Денес ви предлагам да молете за мир, за мир кој изгледа дека е само говор и ништо повеќе. Тој говор да биде делотворен, да го прифатиме советот на апостол Јаков: „Признајте ја својата беда!“

Од таа беда, продолжи Папата, произлегуваат војните: во семејствата, во соседството и насекаде. Кој од нас заплакал читајќи ги весниците или гледајќи на телевизија слики од многу мртви? „Смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага... Тоа е она што денес на 25 февруари треба да го прави христијанинот, пред бројните војни: да плаче, да тагува; да се понизи... Нека Господ ни овозможи да го сфатиме тоа и нека нѐ чува од навикнување на вестите за војни – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.