2014-02-27 16:10:53

Владиката Киро моли во капелата на блажена Мајка Тереза во Калкута


Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов, како скопски бискуп и апостолски егзарх во Македонија ја посети Калкута. Во Калкута почива големата ќерка на Католичката црква во Македонија - блажена Мајка Тереза. Во понеделникот 24 февруари во 15 часот, владиката ја предводеше светата литургија во сослужение со луѓето кои го придружуваат во оваа негова духовна посета на Индија.

Покрај капелата, владиката ги посети и домот и собата во која таа живеела и преминала. Музејот во чест на Мајка Тереза и првата куќа која таа ја отворила во Калкута – Tempel. Среќавајќи се со с. Према одговорната настојателка на Сестрите Мисионерки на Љубовта, основани од Мајка Тереза, ја покани да го посети Скопје и Македонија, на што таа одговори дека веќе ќе ја планира таа посета.

На 25 февруари владиката на посебен начин молеше во капелата на вечното почивалиште на блажена Мајка Тереза: - „За Црквата во Македонија; За заговор од Мајка Тереза за својот роден град Скопје; За духовни звања; За најсиромашните во светот“.

Својата неколкудневна посета на Индија бискупот Киро ја заокружува со посета на сојузната држава Керала каде ќе ја посети гората св. Тома.

з.и.с.








All the contents on this site are copyrighted ©.