Да се откријат нови начини за прикажување на мудроста, вистината и убавината на Евангелие
Папата Фрањо го испрати својот благослов до учесниците на Светскиот конгрес СИГНИС,
невладина организација, односно католичко здружение за комуникација, кое има членови
во 140 земји од светот, а како што се истакнува на интернет страницата на римскиот
огранок на тоа здружение, го сочинуваат вработени во радио станици, телевизија, филм,
како и воспитување за медиуми, интернет и нови технологии. Собирот се одржува во Рим
од 25 февруари до 1 март, а тема е „Медиумите за култура на мир: обликување на сликата
со новите генерации“.
Во пораката која е потпишана од државниот секретар, кардинал
Пјетро Паролин, Папата изразува задоволство поради тоа што оваа средба предлага размислување
за комуникациската моќ, слика која преку масовните медиуми искажува и обликува искуства,
надежи и сомнежи на новите генерации.
Во глобализиран свет, во кој постојано
се формираат нови култури, со своите нови начини на изразување и симболи и во кои
се појавува нова општа имагинација, католичките комуникатори треба секогаш да се соочуваат
со предизвикот да се откријат нови начини за прикажување на мудроста, вистината и
убавината на Евангелие и тоа со изразување кое е способно да допре до срцата и умовите
на безброј лица кои ја бараат смислата и насоката за својот живот, како поединци и
како членови на општеството – напомна во пораката Папата.