Светиот Отец на 24 февруари во Апостолската палата во Ватикан го прими претседателот
на Хаити, Мајкл Јосеф Мартели, кој потоа се сретна со Државниот секретар кардинал
Пјетро Паролин и архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.
Соговорниците
за време на срдечниот разговор изразија задоволство поради добрите односи помеѓу Хаити
и Светата Столица и се осврнаа на големиот допринес кој го дава Црквата на таа земја,
посебно на воспитно и здравствено поле, како и во каритативната работа. Освен тоа,
истакната е важноста од продолжување на заземањето околу обновата на земјата, како
и поттик на искрен дијалог помеѓу различните институции со цел помирување и општо
добро и тоа на внатрешен и надворешен план – се истакнува во соопштението на Канцеларијата
за печат при Светата Столица. РВ/го*ко