Почесниот папа Бенедикт XVI присуствуваше на свечениот конзисториум
Изненадување во базиликата Свети Петар: Почесниот папа Бенедикт XVI присуствуваше
на свечениот конзисториум на кој се именуваа нови кардинали. Гласноговорникот на Ватикан,
патер Ломбарди додаде дека папата Фрањо изрично го покани својот претходник на свеченоста.
Почесниот Папа доброволно се откажа од посебното место и седна на крајот од кардиналите.
Седеше покрај кадринал Бехара Раи. Двајцата Папи се поздравија кратко пред почетокот
на церемонијата. На почетокот од церемонијата, кога ватиканскиот државен секретар
Паролин во својот говор го спомна почесниот папа Бенедикт XVI се слушна громогласен
аплауз.
Од своето повлекување на 28 февруар 2013 почесниот Папа нема јавни
настапи. Тој живее повлечено во манастирот Матер Еклезија во Ватикан.