2014-02-21 10:51:09

Со наследување најдобро се запознава Исус


Наследувајќи го Исус можеме подобро да го запознаеме, отколку само да го проучуваме – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 20 февруари во капелата на домот Света Марта. Исус секој ден нѐ прашува: „Кој е Тој за нас?“, а на прашањето може да се одговори живеејќи како негови ученици – објасни Светиот Отец.

Ученички живот е повеќе од проучување, на христијанинот му овозможува да спознае „кој е Исус за него“. Тоа е одење по Исусовите стапки, кога можат да се испреплетуваат светлината на сведоштвата и предавството, паѓања и нови елани, а не само интелектуален пристап. За да го објасни тоа Папата го наведе примерот со Петар, кој денешното Евангелие истовремено го опишува како единствен храбар сведок – кој на Исусовото прашање до апостолите: „А вие за кого ме мислите?“, одгововара „Ти си Христос!“, а веднаш потоа и спротивното, кога мислел дека треба да го прекори Исус кој ја навестувал својата мака, смрт и воскресение. Исус често ни се обраќа и нѐ прашува: „Кој сум јас за тебе, за вас?“, а го добива истиот одговор на Петар, кој сме го научиле од Катехизмот, но то не е доволно – рече Папата.

Да се одговори на прашањето дека сите ние чувствуваме во срцето – Кој е Исус за нас?, се чини дека не е доволно тоа што сме го научиле во Катехизмот; важно е да го учиме и познаваме Катехизмот, но тоа не е доволно. За да го познаваме Исус треба да одиме по патот на Петар: по понижувањето, Петар со Исус одел напред, ги видел чудата кои Исус ги правел, неговата моќ, платил данок, кога Исус му кажал, ќе уловиш риба со пари во устата; видел многу слични чуда. А сепак во еден момент се одрече од Исус, го предаде, тогаш ја научи таа многу тешка наука – повеќе мудрост отколку наука на солзи и плач – повеќе мудрост од знаење - рече Светиот Отец.

Петар бара опростување од Исус, и покрај тоа, после Воскресението, Исус на брегот од Тиверијадското море три пати го прашува, а најверојатно – рече Папата – потврдувајќи аја беспрекорната љубов кон својот Учител, плаче и се срамува помислувајќи на тоа дека три пати се одрече од Исусу. Ова прво пршање на Петар – Кој сум за вас, за тебе – се сфаќа единствено на патото, на долгиот пат, пат на милост и грев, на пат на учениците. Исус не им кажа на Петар и апостолите „Запознај ме“, туку „следи ме“. Наследувајќи го, ние го запознаваме Исус. Треба да го наследуваме Исус, со нашите крепости и нашите гревови, упорно да го следиме. Не треба да го проучуваме, туку да живееме како ученик – објасни Папата.

Секој ден треба да се среќаваме со Господ – нагласи Папата – секој ден, со нашите победи и нашите слабости. Но на тој пат не можеме да одиме сами, потребна е потпора од Светиот Дух. Да го познаваш Исус е Божји дар. Бог ни дава милост да го запознаеме Исус; тоа е дело на Светиот Дух, Кој е неуморен работник. Не е синдикалец, туку работник кој секогаш делува во нас. Тој ни го расветлува Исусовото таинство, преку Него го чувствуваме Христос. Гледајќи го Исус, Петар и апостолите во срцето го чувствуваме прашањето: „Кој сум јас за Тебе?“ А како ученици да го молиме Бог преку Светиот Дух да го запознаеме Христос, да ни го расветли таинството – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.