На Генералната аудиенција во среда 19 февруари папата Фрањо упати запел за мир во
Украина, во чиј главен град Киев избувнаа жестоки пресметки помеѓу полицијата и демонстрантите.
Во немирите животите ги изгубија повеќе од дваесет лица, а повеќе од двесте се повредени.
Во
голема загриженост следам што се случува во Украина. Ја гарантирам својата близина
со украинскиот народ и молам за жртвите од насилството, за нивните членови на семејствата
и за ранетите. Ги повикувам сите страни да го прекинат насилството и да бараат слога
и мир во таа земја, рече Папата во апелот.