Во недела 16 февруари папата Фрањо славеше уште една света Литургија во предградие
на Рим, овој пат во Инфернет во парохиската црква Свети Тома, апостол, а по повод
50 години од основањето на парохијата. Не ја читаше подготвената проповед, туку зборуваше
за тоа колку е важно да бидеме искрени кон себе и она што ни лежи на срцето.
„Секогаш
да го молиме Господ за милост да знаеме што ни говори срцето за да можеме исправно
да го одбереме доброто и Господ нека ни помогне да се сакаме едни со други“, рече
Светиот Отец.
Папата се сретна со децата и младите од таа праохија, кои ќе
примат Прва Причест и Миропомазание, а потоа во дворот на црквата се поздрави со верниците
од парохијата, со родителите и нивните деца, со старите и болните, со родители на
деца со инвалидитет. Пред светата Литугија Светиот Отец исповеда неколку верници од
парохијата. РВ/го*ко